• Tue. May 14th, 2024

Во Струмица доделени наградите на најуспешните библиотекари

Литературната манифестација за деца  „Средби под јаворите-Видое Подгорец“ се одржа по 21 пат во Струмица и Колешино .

Дводневните активности  започнаа во Струмица, со стручно советување за библиотекарите, на тема: „Библиотеките-темел на писменоста“.  По третпат се додели и признанието за најдобри библиотекари од училишните и јавните библиотеки „Павлина Цунева-Маказлиева“.  Во категоријата училишни библиотеки годинава е наградена  Маргарита Филиповска, училишен библиотекар во ООУ „Јан Амос Коменски“, Скопје. Во категоријата јавни библиотеки наградата ја доби м-р Елмедина Абдулахи, виш библиотекар, раководител на Библиотеката „Макс ван дер Штул“ ЈИЕУ, Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *