• Sat. May 18th, 2024

Во СОУ Јосиф Јосифовски- Гевгелија ќе се запишат 286 ученика за учебната 2021/22

   Во прва година средно образование,во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2021/22 година,  ќе се запишат 286 ученика во 10 паралелки со настава на македонски јазик. Согласно утврдените наставни планови и програми ќе се запишат следниов број ученици за:                – Гимназиско образование – 102 ученика, 3 паралелки, 55 поени минимум;              – Гимназиско образование – 34 ученици, 1 паралелкa, 60 поени минимум (македонско – француска билингвална паралелка);            

  – Угостителско – туристичка струка – 50 ученика, 2 паралелки – хотелско – туристички техничар *(соработка со компаните ФОРТУНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Гевгелија, САНСЕТ-ЈПФ ДООЕЛ Гевгелија, МОТЕЛ ВАРДАР МТС ГРУП ДООЕЛ Гевгелија, ПРИНЦЕС ГРУП ДОО- РАМАДА ПЛАЗА ХОТЕЛ Гевгелија, ФЛАМИНГО МАКОТЕН ДООЕЛ Гевгелија) макс. 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум;            

  – Kелнер / готвач мак 25 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум *(соработка со компаните ФОРТУНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Гевгелија, САНСЕТ-ЈПФ ДООЕЛ Гевгелија, МОТЕЛ ВАРДАР МТС ГРУП ДООЕЛ Гевгелија, ПРИНЦЕС ГРУП ДОО- РАМАДА ПЛАЗА ХОТЕЛ Гевгелија, ФЛАМИНГО МАКОТЕН ДООЕЛ Гевгелија);            

   – Машинска струка – 50 ученика, 2 паралелки – машински техничар за моторни возила *(соработка со компаниите ФОРТУНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Гевгелија, ДОЈРАН СТИЛ ДООЕЛ Дојран, КОНТИ ХИДРОПЛАСТ ДООЕЛ Гевгелија, МОТО ПРОМ ДООЕЛ Гевгелија) макс. 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум;             

   – Aвтомеханичар / заварувач *(соработка со компаниите ФОРТУНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Гевгелија, ДОЈРАН СТИЛ ДООЕЛ Дојран, КОНТИ ХИДРОПЛАСТ ДООЕЛ Гевгелија, МОТО ПРОМ ДООЕЛ Гевгелија) макс. 25 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум Економско – правна и трговска струка – 25 ученика, 1 паралелка – економски техничар *(соработка со компаниите КОЛЕВКО ОФИС ДООЕЛ Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“-  Гевгелија и со Општината Гевгелија) макс. 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум;              

 – Здравствена струка – 25 ученика, 1 паралелка – физиотерапевтски техничар/ гинеколошко-акушерска сестра *(соработка со ЈЗУ Општа болница Гевгелија, Негорски Бањи АД Гевгелија,) макс. 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум.          

  Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни. Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 14 јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот, на 15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 17 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23 и 24 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.

             Условите за запишување на учениците во прва година се: – да имаат завршено основно образование; – да не се постари од 17 години; – да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование: а) гимназиско образование; б) стручно образование и обука; в) средно уметничко образование; г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби; – да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс. Критериуми за избор на учениците се: – среден успех на ученикот од VI до IX одделение; – среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката); – дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје; – средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *