• Sat. May 18th, 2024

Во ноември најниските плати биле уште пониски

Платите на најслабо платените работници во земјава во текот на месец ноември дополнително се намалиле во споредба со месец октомври. Иако намалувањето е минимално, сепак, со растот на трошоците тоа е сериозен удар за граѓаните со ниски примања. 

Вообичаено во групата на најслабо платени работници се оние во текстилниот сектор, кај дејности поврзани со производство на мебел и кожа, заштитните дејности…

Еве ја листата на топ пет најмалку платени работници:

Заштитни и истражни дејности – 18.294 денари

Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата – 20.653 денари

Производство на кожа и слични производи од кожа  – 21.764 денари

Производство на облека – 22.821 денари

Дејности за подготовка на оброци и служење на храна – 22.884 денари. 

Производство на мебел – 23.430 денари.

Во ноември според ДЗС просечнат аплата била 30.011 денари, додека пак во октомври 30.104 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *