• Tue. May 21st, 2024

Во Гевгелија продолжува вакцинација на лица над 65 години

Во Гевгелија продолжува вакцинација на лица над 65 години. Масовната имунизација на населението од општина Гевгелија против Ковид-19,продолжи денеска со новопристигнатите 700 дози од кинеската вакцина ,,Синовак“.

Ова го соопштија од Општата болница со проширена дејност.Покрај гевгеличани,на два вакцинални пункта се вакцинираат и жители од општините Богданци и Дојран кои треба да бидат на возраст над 65 години.Директорот на болницата, Митко Крџев, посочи дека дневно ќе се имплицираат по 170 дози од вакцините на двата пункта во гевгелиската Општа болница и тоа само на лица пријавени преку апликацијата ,,Мој термин“ кои по добивањето порака треба да се јават во закажаниот термин на пунктовите сместени во поранешното одделение за кожни и венерични болести.Покрај ова директорот Крџев нагласи дека во зависност од бројот на пријавените можно е на дневна основа да се намалува и старосната граница на пријавените лица за вакцинација.Инаку,од модуларната Ковид болница во Гевгелија,последниот пациент заболен од Ковид-19 е пуштен дома на 23 мај,а официјално од 31 мај модуларната болница е затворена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *