• Mon. May 13th, 2024

Владо Илиевски ја понесе наградата за животно дело на Струмица за празникот Св.15

На свечената седница на Советот на општина Струмица  по повод празникот на градот традиционално беа доделени годишните награди и наградата за животно дело „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици”.

Наградата за животно дело ја доби поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец и интернационалец Владо Илиевски за особен придонес во областа на спортот.

,,Многу години живеев, играв и тренирав во многу различни земји, ги учев нивните култури, запознавав многу различни луѓе, но силата секогаш ја црпев од мојата Струмица. Вашата поддршка и љубовта што ми ја пружавте на тој пат беа мојот ветер во грб за да продолжам напред, да се борам понатаму да ги освојувам кошаркарските врвови,, потенцираше Владо Илиевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *