• Wed. May 15th, 2024

Започна Самитот на НАТО во Мадрид

Започна Самитот на НАТО во Мадрид. На настанот учествува претседателот Стево Пендаровски и ја предводи македонската делегација.

На свечениот пречек, шефовите на делегациите беа поздравени од страна на домаќинот, премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез и Генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг.

Претседателот Пендаровски претходно изјави дека овој самит претставува уникатна можност за сите сојузници да ја покажат силата и сплотеноста во однос на нашите тековни и идни задачи.

Денеска и утре, претседателот Пендаровски ќе учествува на трите состаноци на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади.

Нови безбедносни предизвици

На самитот во Мадрид ќе бидат адресирани актуелните безбедносни предизвици. Но, се очекува да биде усвоен и новиот Стратегиски концепт на НАТО Алијансата.

Претседателот Пендаровски претходно изјави дека овој самит претставува уникатна можност за сите сојузници да ја покажат силата и сплотеноста во однос на нашите тековни и идни задачи.

„Овој самит е посебен и според една друга специфика. Никогаш во историјата на Алијансата од 1949 година не бил организиран самит во исто време додека се води војна на европскиот континент. Можете да замислите дека војната во Украина, односно руската инвазија врз Украина ја диктира агендата на самитот, па така до крајот на овој ден, треба да го усвоиме новиот Стратегиски концепт кој во целост беше синхронизиран вчера од сите сојузници, рече Пендаровски“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *