• Tue. May 14th, 2024

Видео: Струмичани бараат да се направи патот кај каналот Крушевска Република-ги искршиле возилата по дупките

Скршени шахти и дупки ги уништуваат на улицата Крушевска Република возилата, се жалат струмичани. Реагираат дека недовршениот проект за затворање на каналот  е ноќна мора на жителите од тој дел на градот кои секојдневно возат по раскопани патишта.

Поројот се прави веќе втора година и според проектот треба да биде и функционално и естетско решение на каналот.

Градоначалникот Костадинов апелира граѓаните да се трпеливи и дека наскоро повторно ќе се работи на овој проект.

Затворањето на каналот Крушевска Република досега општината ја чинеше повеќе од половина милион евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *