• Mon. May 20th, 2024

(Видео) Спасувачка акција на „тигрите“, извлечено изнемоштено лице од завеаниот Галичник

По упатен повик до Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска била побарана помош од МВР за евакуација на болно изнемоштено лице, жител на село Галичник, општина Маврово-Ростуше.

Од страна на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, во содејство со Хеликоптерската единица на МВР, веднаш било одговорено на поставената задача.

Од страна на полициските службеници лицето беше подготвено за транспорт, ставено во хеликоптер и транспортирано до ГОБ ‘8 Септември’ во Скопје, каде беше предадено за укажување медицинска помош“, се наведува во соопштението на МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *