• Wed. May 15th, 2024

Видео: Изложбата на Ниче Василев

Половина век творештво обележува уметникот Ниче Василев од Струмица. Сликарот познат по портертирање на женската фигура вчера промовираше монографија и ретроспективна изложба во која се синтетизирани некои од неговите најзначајни дела. Василев вели дека фокусот на женската силуета ја негува од студентските денови.

Историчарот на уметност, Марјан Минов истакна дека токму портертите заземаат специјално место во сликарарството на Ниче. За него, тој е еден од најзначајните ликовни уметници не само во градот, туку и во државата.

Со оваа изложба се обележува уште еден значаен јубилеј. 70 години Завод и музеј Струмица.

Ване Секулов-директор на Завод и музеј Струмица

Изложбата е отворена во галеријата на струмичкиот музеј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *