• Sun. May 12th, 2024

Видео: Детали за истрагата во која се уапсени полицајци и цариници

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција сподели детали во врска со истрагата, во која беа уапсени тројца службеници на МВР и петмина царинци.

Тој истакна дека акцијата била реализирана во подолг временски период од речиси 9 месеци по насока на јавен обвинител од Специјалното одделение за гонење овластени службени лица во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Во текот на истрагата биле потврдени сомненијата дека лицата се инволвирани во набавка и продажба на наркотична дрога, пред сè, кокаин, но и марихуана, на лица заинтересирани купувачи на територијата на Куманово, но и на територијата на Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *