• Sun. May 12th, 2024

В сабота по третпат ќе се одржи трката „Струмица на улица“

Сабота 11.06 2022„Струмица на улица“ по 3 пат по улиците на Струмица.

Трчањето не е само спорт, трчањето е начин на живот, трчањето не учи на дисциплина, истрајност, одлучност. Трчањето е посебна сила која постојано не движи напред и не поттикнува да истрчаме уште 1 километар и да надминеме уште еден предизвик во животот, се вели во поканата од организаторот.

Во продолжение информацијата:

Од таа причина да бидеме сите дел од настанот ,,Струмица на улица,, на 11 јуни со почеток во 19:00 часот,  манифестација која ја организира АК ,,Беласица Ран’’ под покровителство на Општина Струмица, а на која ќе учествуваат професионални тркачи, спортисти, рекреативци, ентузијасти и почетници кои се грижат за своето здравје.

Пријавени се повеќе од  300 учесници за дисциплините 21км, 10км, 5км. За најуспешните се предвидени награди и медали но и благодарници за сите кои ќе бидат дел од ,,Струмица на улица,,

Со цел непречено и успешно реализирање на настанот ја информираме јавноста дека во периодот од 18:00 часот до 22:00 часот под времен режим на сообраќај ќе се одвива сообраќајот на улиците:
-бул.Маршал Тито (од ТЦ Глобал до Македонски Пошти, во двата правци);
-ул.„Балканска“ (од Македонски Пошти до крстосница со ул.”Крушевска Република”, во двата правци); ул.„ Маршал Тито“(од крстосница со ул.„Крушевска Република“ до крстосница со ул.,,Елка Јанкова”, во двата правци); -бул.„Гоце Делчев“ (од Македонски Пошти до кружен тек на ул.,,Младинска”, во двата правци); – ул.„Ленинова“ (од ТЦ Глобал до кружниот тек со ул.„Цветан Димов“).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *