• Sat. May 18th, 2024

Утре во Струмица се одржува настанот „Препознај, пријави, спречи дискриминација“

Целта на овој отворен ден е едукација на граѓаните и граѓанките на темата еднаквост и недискриминација, но и преставување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) како тело кое нуди заштита од сите типови на дискриминација.

Претставниците/чките на Комисијата се отворени за дискусија со локалното население и ќе бидат подготвени да одговорат на сите прашања на присутните.

Важно е да ја подигнеме свесноста дека дискриминацијата е штетна за општеството, но и дека е забранета со закон и не треба да остане непријавена. Токму затоа ќе се зборува како да се препознаат формите на дискриминација, но и како да се пријави дискриминацијата. Важно е да научиме дека луѓето треба да ги почитуваме онакви какви што се, затоа што сите сме еднакви и имаме исти права.

Во Струмица, настанот ќе се одржи во среда, во паркот кај Општината, со почеток во 13 часот, а ќе го отвори  г. Кире Василев, претседател на Комисијата. Ги покануваме граѓаните и граѓанките на општина Струмица, да земат учество на овој еднодневен настан.

Настанот е финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *