• Mon. May 13th, 2024

Уште тројца повредени ќе се вратат во Македонија

Од болницата „ Пирогов“, во Софија, каде беа сместени седуммината преживеани во стравотната сообраќајка на автобусот на „ Беса Транс“, најавиле дека утре ќе бидат отпуштени уште тројца пациенти, за кои од наша страна постои подготвеност да им се укаже лекарска грижа, велат од Министерството за здравство.

А, 16- годишната девојка и 49- годишниот маж кои вчера беа префрлени во Скопје, на Клиниката за пластична хирургија, остануваат на понатамошно набљудување.

-Двајцата примени пациенти ноќта ја поминаа добро, во стабилна состојба се и под надзор на лекарите на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. И продолжува психолошката подршка за нив- Министерство за здравство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *