• Tue. May 21st, 2024

Управниот суд ја потврди одлуката на Владата да се одземе концесијата за рудникот „Иловица-Штука“

Управниот суд ја отфрли тужбата на компанијата „Еуромакс ресурцес“ . Тој ја потврди одлуката на Владата да им се одземе концесијата Иловица 6 за рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“. Судот одлучувал во октомври, откако претходно Вишиот управен суд ја врати постапката назад.

Управниот суд тужбата на канадската компанија ја отфрлил како неоснована, по што „Еуромакс“ во ноември поднела нова жалба до Вишиот управен суд. „Тужбата на тужителот „Еуромакс ресурцес“ е поднесена против Одлуката на Влада од 16.12.2019 година. По истата донесена е Пресуда од Управниот суд на ден 5 октомври годинава, со која тужбата на тужителот се одбива како неоснована.

Против одлуката на Управниот суд изјавена е жалба од тужителот до Вишиот Управен суд на 11 ноември 2021 година. Taa е пратена на тужениот орган на одговор. По комплетирање на предметот, истиот ќе биде испратен до Вишиот Управен суд за натамошно постапување и одлучување“. Вака информираат од Управниот суд. Активистите од граѓанската организација „Здрава котлина“ се задоволни од одлуката на Управниот суд.

„Се надеваме дека ова е последниот круг на пресуди и дека случајот ќе биде окончан. „Еуромакс“ конечно ќе си замине од нашиот крај и земјата. Ние остануваме на ставот дека рудник нема да има“. Ова го велат од „Здрава котлина“ и посочуваат дека даваат поддршка на сите балкански народи кои се соочуваат со иста борба. „Народот победи во Романија и ги протера рударите од Росија Монтана. Со години ги блокира рударите во Грција, се крева против рударите во Србија. Ние во Македонија веќе со години сме будни и ги блокираме со сите расположливи начини и немаме намера да попуштиме ни една педа. Посебно затоа што проектот на Еуромакс ги надминува сите останати рударски проекти на Балканот. По загадувачки параметри и потенцијален деструктивен капацитет“. Ова го посочуваат од „Здрава котлина“. Ова е вторпат како предметот во кој се разгледува концесијата Иловица 6 ќе се најде пред Вишиот управен суд.

Случајот со рудникот во струмичко во јули доби пресврт, откако Вишиот управен суд го поништи решението на Управниот суд со кој се одбиваше жалбата на „Еуромакс Ресурсес“ за одземената концесија и донесе одлука да има повторно судење во Управниот суд. Претходно, Управниот суд со решение во октомври лани, ја одби жалбата на компанијата како неоснована. Жалбата на „Еуромакс Ресурсес“ се однесуваше на преиначување на пресудата на Управниот суд со цел да ја задолжи Владата да ја поништи одлуката за еднострано раскинување на концесијата како неоснована и да ја задолжи Владата да ги спои концесиите

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *