• Tue. May 21st, 2024

Умре кралицата Елизабета II

Најдолгиот англиски монарх, кралицата Елизабета II денеска почина на 96 годишна возраст. Таа ја наследи титулат на 25 годишна возраст, во 1952, и ја адаптираше својата улога на модерните времиња.

 Во своето 70 годишно владеење, таа беше модел на морал, одговорност и почит.

За многу генерации таа беше една од најсаканите јавни личности.

Родена како внука на Џорџ V, животот на Елизабета беше исполнет со привилегии и жртви. Таа беше трета во редот за наследници на круната и немаше изгледи дека некогаш ќе ја наследи.

Но, кога нејзиниот чичко, тогашниот крал Едвард IV, абдицираше од тронот во 1936 година, титулата ја наследи нејзиниот татко, принцот Џорџ, кој стана крал. По неговата смрт, таа ја наследи кралската круна во 1952 година, на само 25 години.

Кралицата беше 73 години во брак со принцот Филип, сѐ до неговата смрт во април 2021 година, а неговото заминување силно ја погоди.

Елизабета и Филип имаат четири деца: Чарлс, Ана, Ендру и Едвард.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *