• Sat. May 18th, 2024

Уметникот Никола Пијанманов ќе изложува во Париз

Никола Пијаманов на 3 август ќе има своја ликовна изложба во Париз. Неговата уметност ќе блесна во градот на светлината во познатата Cité internationale des arts. Изминатите неколку седмици, Пијаманов е на ликовна резиденција во познатата куќа на уметниците, црпи инспирација и твори во магичниот амбиент на Париз.

За потсетување Cité internationale des arts е француско-скандинавска идеја, предложена од финскиот уметник Еро Снелман, претставена за време на неговиот говор на меѓународната изложба во 1937 година. Но, идејата стана реалност дури по завршувањето на Втората светска војна. Функционира како здружение основано во 1947 година, а го поддржува Министерството за култура и Министерството за надворешни работи, како и Академијата за ликовни уметности и градот Париз.

Cité internationale des arts нуди студија за престој, адаптирани за работа и домување, сместени на две главни локации. Едната која се наоѓа во Маре - 18 rue de l'Hôtel-de-Ville, спроти Ил Сен Луис - ја вклучува првата зграда од 1965 година, како и зградите чие реновирање беше завршено во 1995 година, додека втората се наоѓа на ридот Монмартр , на улица Жирардон3 бр. 16

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *