• Tue. May 14th, 2024

Уметникот Георги Кончалиев изработи маска на глава од бик за потребите на струмичкиот карневал

Уметникот Георги Кончалиев изработи маска на глава од бик за потребите на струмичкиот карневал. Недели работа претходеа на величествената маска со која се најави доаѓањето на струмичката корида на саботниот карневал. Кончалиев вели дека идејата дошла спонтано.

Кога ја дефинирале темата за групната маска веднаш му се родила идеја дека корида без бик не е возможно. И за да биде комплетна маската се нафатил на оваа голема и макотрпна работа. Не бил сам. Со него работел и  Ѓорги Митев, за да можат побрзо и поуспешно да ја завршат работата. Двајцата имењаци адаптирале работен простор во производствениот погон на Митев и почнале со конструкцијата. Кончалиев водел, Митев асистирал, и секој слободен миг го користеле за работа врз нивата маска. Бикот се создавал и дење, и ноќе, понекогаш со него „дружеле“ по цели денови.

Во основа, бикот е создаден од градежни материјали: жица, мрежа, пур пена. Но и многу весници и на крај премачкуван со боја.


Изработката траела до сабота наутро. Им останале само неколку часа одмор пред да ја прошетаат коридата низ струмичките улици.

Инаку, оваа група има зад себе повеќе успешни маски. Станува збор за осмоодделенци од Видое Подгорец, родителите и нивната учителка Соња Цицимова. Групните маски ги претставија на повеќе карневали и настани во земјава, но и во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *