• Tue. May 14th, 2024

Училиштето во Дабиље го одбележа патрониот празник

Училиштето во Дабиље, „Свети Кирил и Методиј“ го одбележа патрониот празник. Со свеченост организирана од наставниците и учениците, и со положување свежо цвеќе пред бистата на сесловенските просветители, ова основно училиште го одбележа патрониот празник.

Прославата се одржа во дворот на училиштето. Директорот, Васил Бубев, вели дека училиштето има потенцијал и во ученици и во просветен кадар, па силно се посветени да го оправдаат името на сесловенските просветители, создавајќи образовани генерации кои ќе бидат подготвени да ја градат сопствената и иднината на нашата земја.