• Sun. May 19th, 2024

Уапсени корисници на хероин и нивниот дилер од Богданци

Уапсени корисници на хероин и нивниот дилер од Богданци. На регионалниот пат Гевгелија – Богданци, во претпладневните часови на 23 мaрт, полицијата уапсила три лица – Н.М.(33) и И.М.(48) од Гевгелија и Ѓ.Т.(46) од Богданци.

Како што информираат од МВР, при контрола кај Н.М. и И.М. бил пронајден и одземен хероин, кој претходно го набавиле во Богданци, додека по обезбедена судска наредба, при претрес на куќа во Богданци, која ја користел Ѓ.Т., биле пронајдени и одземени хероин, две дигитални ваги со остатоци од хероин, марихуана, 37 семки од канабис, пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршеното кривично дело, разни предмети со остатоци од хероин и средства за употреба на дрога.

Лицата се приведени во полициска станица, а во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *