• Fri. May 17th, 2024

Уапсен крадец кој украл пари од продавница

Одделението за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Л.Ќ.(34) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, информираат од СВР Струмица.

На 29.12.2021 околу 19.00 часот, пријавениот со закана одзел пари од дневниот промет во продавница во село Негорци, гевгелиско. По преземени мерки, од полициски службеници од  Одделението за внатрешни работи Гевгелија биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, a при претрес во просториите кои ги користел, извршен со судска наредба на 31.01.2022, исто така, биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

Л.Ќ. бил лишен од слобода и во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *