• Sat. May 18th, 2024

Три парцели за стратешки култури во струмичко

Три парцели над 3 хектари се дадени за закуп во струмичко за производство на стратешки култури. Јавниот оглас е распишан, а земјиштето треба да биде дадено на користење во рок од 30 дена. Две се во катастарска парцела Нова Маала, а една во Владевци.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски пред неколку дена истакна дека го распишале огласот со цел да се зголеми производството на житни и други стратешки култури, под мотото ни една педа земја да остане неискористена.

650 целини се ставаат на располагање за да се зголеми производството на стратешките култури, истакна министерот и најави дека многу скоро МЗШВ ќе и предложи на Владата да распише оглас за нови 6 000 хектари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *