• Sun. May 19th, 2024

Тренчевска: Конвенцијата на МОТ има големо значење во обезбедувањето на поголема заштита на работниците

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на работилницата „ Усогласеноста на македонското законодавство со Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за елиминирање на насилството и вознемирувањето во светот на работата, бр.190“, организирана од Меѓународната организација на трудот и Здружението за трудово и социјално право. 

Министерката Тренчевска истакна дека унапредувањето на работничките права и заштита на достоинството на трудот е нешто кон кое сериозно се стреми нашата држава изминативе години.  Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика го следи развојот на модерното трудово право и новите стандарди во регулирањето на работните односи со цел воведување  во нашиот правен систем и обезбедување на целосна и навремена заштита на сите работници во Северна Македонија. Примената на современите стандарди на трудот овозможува работниците да ги имаат истите права со нивните колеги од најразвиените демократски земји.

„Правото на безбедна и сигурна работа и работна средина се суштествен дел од тие права и затоа Министерството работи на нивно овозможување преку две иницијативи: Спроведување на процесот за ратификација на Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за елиминирање на насилството и вознемирувањето во светот на работата, бр.190 и донесување на нов закон за заштита од вознемирување на работно место,“ изјави Тренчевска.

Таа информираше дека, Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на работното место е првиот меѓународен инструмент кој го адресира насилството и вознемирувањето при работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *