• Tue. May 14th, 2024

До петок трае конкурсот за годишните награди на Општина Струмица за Св 15

По повод 11.Декември – Денот на заштитниците на градот и оваа година ќе бидат доделени традиционалните Годишна награда и животно дело на Општина Струмица
„Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”.

Наградите се доделуваат како признание на општина Струмица на правни и физички лица од повеќе области, а коишто дале посебен придонес за развој и афирмација на Општината во државата и надвор од неа.

Конкурсот е отворен до 25 ноември, а Формуларот за конкурирање може да се подигне во архивата на Општина Струмица или да се најде на веб страницата www.strumica.gov.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *