• Sat. May 18th, 2024

ТК Прилеп ќе го откупи тутунот

tk prilep kje go otkupi dogovoreniot tutun

Договорениот тутун на компанијата „Далија Табак“ ќе го преземе Тутунскиот комбинат од Прилеп. Договор дека ТК Прилеп ќе го откупи тутунот е постигнат на денешната средба со министерот Арјанит Хоџа, откако делчевската компанија не успеа да ги обезбеди потребните пари за да го отпочне откупот. Струмичките тутунари вчера протестираа. Станува збор за околу 440 тони тутун за кој „Далија Табак“ има договори, но бидејќи нема пари откупните пунктови оваа сезона не ги отвори, како што известивме претходниот ден.

На средбата, откупните компании постигнале согласност да го откупат и вишокот на произведен тутун кој го имаат тутунарите надвор од договорите. Според договореното, тоа ќе се случи после 15 февруари кога ќе се има јасна слика колку тутун останал неоткупен

„На денешната средба беше договорено сите тутунари својот вишок да го пријават во подрачните единици на министерството за земјоделство за да може откупните компании да се организираат. Дадоа ветување дека ТК Прилеп ќе го откупи тутунот од ланската реколта“, кажа Менде Стоманарски, претседател на Сојузот на тутунари, кој кажа дека во наредниот период ќе се зголеми и динамиката на откуп.

На средбата, откупните компании постигнале согласност да го откупат и вишокот на произведен тутун кој го имаат тутунарите надвор од договорите. Според договореното, тоа ќе се случи после 15 февруари кога ќе се има јасна слика колку тутун останал неоткупен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *