• Sun. May 19th, 2024

Телата на загинатите алпинисти од Радовиш дадени на обдукција

Јавното обвинителство побара да се изврши обдукција на телата на двајцата алпинисти коишто загинаа вчера, чистејќи високи силоси за складирање руда во рудникот Бучим.

Полицијата се уште не ги потврди идентитетите на алпинистите, но извесно е дека станува збор за 45 годишниот Зоран Мајсторски, искусен алпинист и поранешен снимател во регионалната телевизија Кобра во Радовиш и 20 годишниот Драган Станишков. Нивните блиски, пријатели од синоќа изразуваат сочувство и се простуваат со нив на социјалните мрежи. Несреќата се случи вчера околу пладне,  во делот Флотација каде тројца алпинисти чистеле два силоса за складирање руда, високи по 25 метри и со дијаметар од 17 метри. Алпинистите биле ангажирани со договор помеѓу две правни лица. Вчера, во текот на увидот извршено е фотографирање на местото на несреќата, обезбедени се затекнати траги и предмети а е разговарано и со лица кои биле присутни на местото на настанот.

Денеска ќе продолжи увид на местото на несреќата. Јавното обвинителство издаде наредба во увидот да биде присутна и техничка инспекција од рударски инжинери. Обвинителството побарало да се обезбеди техничка документација за силосите, целокупната документација за ангажманот на алпинистичкиот клуб„Плоча“, правилниците за работа на работната единица Флотација. Овој дел од рудникот има забрана за работа и ќе биде обезбедуван од полиција. Засега нема официјални податоци за причините за несреќата. Извори за Канал ВИС велат дека двајцата алпинисти загинале потрупени од бакарен концентрат.

Во клиничката болница во Штип каде е однесен еден од алпинистите само била потврдена смртта. Другиот алпинист бил префрлен во здравствениот дом во Радовиш, но за жал и кај него немало знаци на живот. Третиот алпинист немал посериозни повреди и не е задржан на болничко лекување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *