• Sun. May 19th, 2024

Струмичката поетеса Тања Крмзова-Костиглиола во УНЕСКО во Париз дел од настанот за Блаже Конески

Струмичката поетеса Тања Крмоза-Костиглиола, којашто живее во Франција, денеска во Унеско во Париз го читаше освртот „Блаже Конески-виртуоз на поетскиот јазик“. Нејзиното обраќање беш во склоп на настанот што се одржа во седиштето на УНЕСКО по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.

Поезијата на Конески на македонски ја читаше поетот Ѓоко Здравески, лектор по македонски јазик во парискиот институт ИТАЛКО. ОСвен Здравески, поезијата на Конески се слушна уште на шест други јазици. Високите дипломатски претставници во УНЕСКО Ферит Хоџа (Албанија), Вероник Роже-Лакан (Франција), Леонора Клеинова ( Чешка), Метка Ипавиц (Словенија), Данијела Чубрило (Србија), Гази Герери (Тунис) и Микаел Шулц (Шведска) денеска во Париз читаа песни од Блаже Конески на своите јазици. 

Потсетувајќи дека 100-годишнината од раѓањето на Конески е запишана во Календарот на значајни јубилеи подржани од УНЕСКО, министерката за култура, Ирена Стефоска рече дека ова чествување претставува и омаж на универзалните дострели на поезијата и на јазичната разноликост во светот.

„Не случајно песните на Конески, денеска во УНЕСКО, не ги слушнавме само на македонски, туку и на други јазици”, кажа министерка во своето видеовклучување, додавајќи: „Поетскиот збор не познава граници од кој и да е вид и не смее да познава”.

Претседателот Стево Пендаровски исто така преку видеоврска се вклучи на настанот и кажа дека: „Блаже Конески е квинтесенција на поетскиот јазик во чие творештво се вградени мудроста и мислечките предизвици на постоењето. Тој суптилно ни ја објаснува граматиката на животот, создавајќи арматура врз која се потпира не само континуитетот на нашата национална култура, туку е со свое значење и за светското поетско и мислечко наследство”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *