• Sat. May 18th, 2024

Струмичка фирма ќе ја врши реконструкцијата на улицата Крушевска Република

Струмичката фирма Дикор ЦД ДООЕЛ го доби тендерот за реконструкција на улица ,,Крушевска Република,, откако општина Струмица пред повеќе од месец дена распиша јавна набавка за таа намена. Ова фирма достави најдобра цена на електронската аукција на која учествуваа вкупно 12 фирми. Дикор ЦД целиот проект треба да го реализира за приближно 19 милиони денари или 308,5 илјади евра со ДДВ . Согласно потпишаниот договор, реконструкцијата на улицата на Крушевска република треба да се реализира во рок од една година додека плаќањето кон избраниот понудувач ќе биде од две буџетски години 2022 и 2023 стои во склучениот договор помеѓу Општина Струмица и фирмата Дикор ЦД

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *