• Sun. May 19th, 2024

ССК: Треба државна поддршка за фирмите оти енергетската криза се закана за сите фирми

ByВане Трајков

Aug 26, 2022

Енергетската криза сериозно го погодува стопанството, a ценовниот притисок што го предизвикуваат рекордните вредности на електричната струја на берзите преставува закана за опстојувањето на најголем дел од деловните субјекти, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски на денешната прескоференција, потенцирајќи дека веднаш се потребни конкретни мерки за поддршка на претпријатијата, како и план за зголемување на енергетската независност и ефикасност.

„Цената на електричната енергија мора да се ограничи на одреден начин, односно до одредено ниво да ја плаќаат компаниите, a над тоа ниво да ја плаќа владата преку фондовите наменети за енергетска кризна состојба. Ваков тип на субвенции постојат во повеќе европски држави. Во ваква кризна состојба треба да се овозможи приклучокот на фотоволтаичните електрани да може да се направи само со енергетска согласност доколку постојат технички услови, а во дополнителен рок од 120 дена да се обезбедат сите останати дополнителни документи. Нелогично е да се бараат 24 документи само во Регулаторна комисија и да се плаќаат 500 евра непотребни давачка на секое барање”, изјави Ангелоски.

Се истакнува и барање за укинување на ДДВ за фотоволтаици и опрема за монтажа на фотоволтаици, како и за инвертер клими и агрегати со кои може да се намали количината на енергија која се ангажира за загреење на објектите. Со цел да се дестимулира употреба потребно е да се воведе дополнителен данок за користење на енергетски неефикасни уреди за загревање, а во Скопје и во другите градови каде има можност треба да се обезбеди бесплатно приклучување на систем на централно греење (парно).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *