• Sat. May 18th, 2024

Средните училишта „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ на Љубушки карневал во БиХ

Карневалските маски на средните училишта „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ од Струмица настапија на Љубушкиот карневал во Босна и Херцеговина.

На покана на организациониот одбор на Љубушкиот карневал од градот Љубушки во Босна и Херцеговина, двете маски учествуваа во дефилето кое се организира веќе 25 години.

Последните 6 години Љубушки карневал е и членка на Европската федерација на карневалски градови.

За една седмица овие две карневалски групи ќе ги видиме во нови маски, што за првпат ќе продефилираат на новото издание на Струмичкиот карневал. Традиционално средните училишта во Струмица се дел од дефилето со некои од најбројните но и најкреативни маски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *