• Sun. May 19th, 2024

Србија ги отвора училиштата

Србија ги отвора училиштата. Кризниот штаб на Србија донесе одлука децата да се вратат на училиште. Според членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, состојбата повеќе не е вонредна.

Кон исто така изјави дека е одлучено да почнат и подготовките за одржување на белградскиот маратон во јуни.

„За другото ќе се види, зависи директно од ситуацијата. Што се однесува до другите мерки, нема промени. Останува како што беше досега“, изјави Кон.

Тој посочи дека бројот на отпуштања пациенти во српските болници е зголемен во однос на бројот на приеми, дека ситуацијата повеќе не е вонредна, но дека е неповолна.

Кон посочи дека целта е да се достигнат три или 3,5 милиони луѓе што примиле две дози вакцина против коронавирусот што е можно побргу. Бројот на оние што ја примиле втората доза досега надмина 1,2 милион.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *