• Fri. May 17th, 2024

Самопреглед еднаш месечно за превенција од карцином на дојка

Само прегледот е клучен за рано откривање на карцином на дојка. Лекарите апелираат дека секоја девојка над 18 годипна возраст треба еднаш месечно да прави самопреглед со кој би забележала доколку дојде до некаква промена на градите. Специјалист доктор Јасминка Чабуковска вели дека важно е и да се знае како правилно се прави самопрегледот .

Прегледот на мамограф е задолжителен за секоја жена со навршени 40 години, или доколку во семејството има историја на болести. Исто важи и за сите кои поради било кој причина спаѓаат во ризична група.

Карциномот на дојка е еден од најчестите карциноми со 2,1 милион заболени секоја година.  Во Македонија секоја година во просек умираат околу 280 жени од рак на дојка. Најголем број случаи се на возраст од 55 до 59 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *