• Sat. May 18th, 2024

Спасе Додевски на листата советници на премиерот Ковачевски

Струмичанецот Спасе Додевски стана надворешен советник на премиерот Ковачевски во областа образование и социјала. Тој е на листата 12 советници којашто ја објави Владата. Од Влада велат дека досегашната бројка од 50 се намалува на 12. Еве кои се другите.

„Меѓу советниците се професорите од Економскиот факултет, Правниот факултет, Факултетот за електротехника и информатика, поранешни пратеници, но и заменици-министри“, објави Владата.

Експертот од Германија, Јоханес Хајдекер, е назначен за надворешен советник за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на Ковачевски  „Хајдекер, кој претходно работел на повеќе менаџерски позиции во приватниот сектор, ќе се фокусира на зајакнување на деловните односи на Северна Македонија со Германија и другите земји на ЕУ, со акцент на промоцијата на начините на снабдување низ европскиот континент и економската политика за време на корона кризата“, велат од „Илинденска“.

Ангажчирани се и професор Предраг Трпески од Економскиот факултет како експерт за пазарот на трудот, и професорот од Правниот факултет Ванчо Узунов, кој е назначен за надворешен советник за Берлински процес. За политиките од областа на енергетиката надворешен советник е Антон Чаушевски, професор од Факултетот за електротехнички и информатички технологии.


Глигор Бишев кој има богата професионална биографија во банкарскиот сектор е надворешен советник за рационализација и оптимизација на процеси. Нина Фити-Неделковска, претставничка од Светска банка ќе ја врши функцијата надворешен советник за финансии. Дополнително на листата на советници се поранешниот пратеник Исмет Рамадани кој е надворешен советник  за евроатлански вредности и Драган Василевски за одбрана.

Надворешна советничка за здравство е доцент д-р Ана Данева-Маркова од Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Скопје. Симона Ристеска, професорка на повеќе предмети на Warwick Business School во Велика Британија,.ќе дава совети за даночна политика. 
Маја Ангеловска со 25 годишно работно искуство во телекомуникацискиот сектор е надворешна советничка за дигитализација. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *