• Sun. May 12th, 2024

Сопствениците на валандовската „Дена продукт“ велат дека се извртува случајот во јавноста

-Ќе подготвиме демант, па ќе ве побараме, велат сопствениците на валандовската компанија „Дена продукт“ . Во кус разговор  тие кажаа дека во јавноста се изнесени многу невистини и затоа не сакаат понатаму  да го коментираат случајот. Оваа компанија  деновиве е во фокусот на јавноста, откако австрискиот амбасадор Вутсас испрати допис во медиумите дека се воделе незаконски процедури во македонските судови при што австриската компанија „Амма“ не можела да си ги наплати побарувањата од валандовската „Дена продукт“.

Обвинувањата на амбасадорот Вутсас се дека компанијата „Дена продукт“ го префрлила имотот на „Глобал трејд“  иако имало судска забрана за оттуѓување на имотот. Станува збор за две компании во сопственост на брачниот пар Костови. Во Валандово ги побаравме седиштата на двете компании, но, насоките не однесоа до домашните адреси.

Стед-ап Оваа е зградата во коај се наоѓа валандовската адреса на компанијата „Дена продукт“. Стигнавме до стан на лицето Атансас Костов.

Од обвинителството информираат дека има три кривични постапки во Скопје и во Гевгелија.
Првата е жалба на одлука на гевгелиското јавно обвинителство по пријава од адвокатите на „АММА“ во 2021 година за измама  дека нема елементи на кривично дело за измама  и се упатуваат на граѓански суд. Жалбата е во скопско Вишо Јавно обвинителство.

Втората е во јавно обвинителство во Гевгелија, каде  адвокатите на „Амма“ поднесуваат кривична пријава за оштетување на доверители – во моментов се прибираат докази и ќе треба да се вештачи. Третата пријава е поднесена во Скопското обвинителство на 23 јуни и е против НН лица во Катастар бидејќи според адвокатскиот тим на „АММА“ навремено не го впишале товарот на имотот на „Дена Продукт“.

Овие пријави не се поврзани со арбитражната постапка.

Граѓански постапки каде адвокатите на австриската „АММА“ ја тужат „Дена Продукт“  има во Велес, Скопје и во Гевгелија и тоа се повеќе спорови.