• Sun. May 19th, 2024

Шолц: Мировниот договор меѓу Москва и Киев е единствениот начин за укинување на санкциите против Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека мировниот договор меѓу Москва и Киев е единствениот начин за укинување на санкциите против Русија.

– Русија во одреден момент треба да разбере дека единствената можност да ги укинеме санкциите е да склучи договор со Украина, изјави Шолц во интервјуто објавено на информативниот портал Т-онлајн.

Тој уште еднаш апелираше до Русија да ги повлече своите трупи од Украина.

– Што се однесува до сè друго, постои јасен принцип: Украина ги решава сите прашања. „Не можеме да преговараме во име на Украина, на еден или друг начин“, додаде Шолц, пренесе ТАСС.

Германскиот канцелар додаде дека не ги забележал напорите на Москва да го промени ставот за прашањето за Украина, за време на неодамнешниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

– Не, Москва не постигна ниту една од целите споменати на почетокот, рече Шолц.

Тој посочи дека „НАТО не само што не замина, туку го зголеми присуството на својата источна гранка, додавајќи дека Алијансата ќе стане уште посилна кога ќе влезат Финска и Шведска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *