• Sat. May 18th, 2024

Собрание: Вкупно 59 пленарни седници, од кои 39 се завршени – донесени 209 закони

Денеска во Собранието се одржа завршна годишна изјава од страна на претседателот Талат Џафери.

Тој истакна дека за жал и оваа година биле принудени да функционираат следејќи ги протоколите за заштита од КОВИД – 19, што се разбира наметна одредени измени во секојдневното работење на законодавниот дом, а покрај тоа, константно имало и отсуства на пратеници поради заболување со вирусот.

„Комисиски и пленарните седници, како што знаете, се одвиваа без Ваше присуство што беше хендикеп и за Вас и за нас, меѓутоа, тоа го налагаа здравствените протоколи, Настојувавме да нема други настани,собири, на кои би имало поголема група луѓе во затворен простор. И понатака продолживме пленарните седници да ги држиме во Големата сала на Собранието, попозната како Купола, што од друга страна наметнуваше малку поедноставен начин на гласање и пребројување на гласовите на пратениците.    – Поради протоколите беа прекинати и организираните посети на граѓаните во Собранието, и истите се одвиваа на виртуелен начин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *