• Sun. May 19th, 2024

Собрани потписите за независните листи на „Стига е!“

Собрани се потребните потписи за независните листи на „Стига е!“ – за трите општини Струмица, Босилово и Ново Село.

Доцна синоќа објавија дека пред истекот на рокот успеале да ги соберат потребните потписи за учество на локалните избори. Според ДИК требаше да се соберат по 150 потписи за двете општини Босилово и Ново Село, а 350 за општина Струмица.

Во објавата тие велат дека нивното делување ќе продолжи и во форма на протести и блокади како и досега.

„Нашата борба преку „СТИГА Е!“ е различна од партиската борба. Нашата борба не е борба за политичка превласт и „седнување во фотеља“. Преку овој потег отпорот против рудникот и загадувачите се проширува и на институционално ниво. Меѓутоа, тоа не значи дека ќе престанеме со нашиот активизам преку протести, блокади, маршеви и се’ што е потребно да се спречи потенцијалниот масовен убиец на нашата природа, сулудиот проект наречен рудник „Иловица-Штука“. Нашите заложби се во насока на менување на досегашните закоравени и зачмаени гледишта во однос на заштита и зачувување на природата,“ велат од „Стига е!“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *