• Sat. May 18th, 2024

Сино-зелена алга закана за целиот екосистем во езерото Мантово

Езерото Мантово е сериозно загадено, а квалитетот на водата не е погоден за капење и други рекративни активности. Ваква табла истакнала општина Конче на брегот на ова езеро, откако на 20 јануари добиле допис од Државниот инспекторат за животна средина дека водата е со многу лош квалитет.

Професорот Светислав Крстиќ од природноматематичкиот факултет во Скопје, Институт за биологија, вели дека синозелената боја на водата ја предизвикува алга (цијанобактерија) која предизвикува таканаречен „воден цвет“ во акумулацијата, силно ја заматила водата и се наталожила по нејзините брегови. Сино-зелената боја потекнува од пигмент што се наоѓа во овие алги. Станува збор за специфична алга со име Aphanizomenon klebahnii. Оваа алга претставува закана за целиот екосистем како и за луѓето коишто јамкористат водата за најразлични намени. Во мислењето од професорот се наведува дека понатаму треба да се испита што го предизвикува енормното размножување на оваа алга.

За утврдување на квалитетот на водата во езерото Мантово на 29 декември акредитирана лабораторија Технолаб од Скопје, зела примероци од пет мерни места.

Резултатите од мерењата на квалитетот на водата укажуваат на надминување на граничните вредности: Хемиска потрошувачка кислород, суспендирани материи, нитрити, вкупен азот, вкупен фосфор.

Добиените резултати покажале и присуство на фекални материи во водата при што инспектор од државниот инспектор за животна средина при увидот на лице место утврдил голем број изградени објекти на брегот на езерото. Тие понатаму укажуваат на општинските комунални инспектори и на градежната инспекција да утврди како се градени објектите и дали имаат соодветни јами за собирање на отпадните води, или се слеваат директно во езерото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *