• Sun. May 19th, 2024

Седум од десет жртви во трговијата со луѓе на глобално ниво се жени или девојчиња

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска учествуваше на конференцијата „Проценка на ризиците и спречување на трговија со луѓе во синџирите на снабдување“. Целта на конференцијата која ја организираше Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, во соработка со Канцеларијата на специјалниот претставник и координатор за борба против трговија со луѓе на ОБСЕ и поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, е споделување на искуствата во превенцијата и борбата против „трговијата со луѓе“.

Тренчевска посочи дека Владата и Министерството развиваат политики и координиран пристап за превенција, интервенција и кривично гонење на сторителите, како и на национален и транснационален механизам за упатување и заштита на жртвите на трговија со луѓе.

„Наша стратешка определба е подобрување на националните политики за борба против организираниот криминал – трговијата со луѓе. За таа цел, работиме на превенција и подигање на јавната свест, на унапредување на законската регулатива и на зацврстување на почитувањето на основните човекови права на сите граѓани, особено на децата. Ги донесовме Националната Стратегија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција 2021-2025, Националниот акциски план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција 2021-2025 (НАП) и Акцискиот план за борба против трговија со деца. Го донесовме и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, во кој како облик на родово базирано насилство е дефинирана трговијата со жени и девојчиња“, рече Тренчевска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *