• Sat. May 18th, 2024

Почна изработката на Стратегијата за млади на Општина Струмица до 2027 година

Центарот Новус од Струмица почна со процесот за изготвување на Стратегија за млади за периодот 2023-2027. Станува збор за значаен документ со кој ќе се детектираат потребите на младите од општина Струмица независно дали станува збор за млади од грдот или населените места. Како што потенцираше Ана Клесова од Новус ова стратегија ќе биде основа за креирање на одреднеи младински политики кои ќе се најдат и пред советниците

Првиот човек на Струмица Костадин Kостадинов кажа дека со ова стратегија и младинскиот центар што ќе се отвори, се испраќа силен сигнал до малдите дека треба да бидат партиципативни во креирањето на одлуките на локлано ниво

Стратегијата се очекува да биде готова  до крајот на годинава по што ќе следаат инкорпорирање на потребите во годишните програми на општина Струмица се со цел да младите бидат значаен сегмент во општествениот живот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *