• Mon. May 20th, 2024

Саркози го поддржа Макрон пред вториот круг од претседателските избори

Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска го поддржа Емануел Макрон во пресрет на вториот круг од претседателските избори во Франција.

Според „Ројтерс“, поддршката на Саркози секако ќе му помогне на Макрон да ги привлече гласачите кои ја поддржаа конзервативната Валери Пекрес во првиот круг од гласањето, но може да ги одврати левичарските гласачи.

„ Ќе гласам за Емануел Макрон бидејќи мислам дека тој го има потребното искуство додека се соочуваме со длабока меѓународна криза, посложена од кога било“, напиша Саркози во објавата на социјалните мрежи.

Макрон во вториот круг на гласање се бори да ги убеди гласачите од работничката класа да гласаат за него, а не за кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен.

Сепак, има и такви во таборот на Макрон кои стравуваат дека поддршката на Саркози може да доведе до апстиненција од гласачите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *