• Tue. May 14th, 2024

Шаќири – Неделков: Со поддршка од СОНК, МОН ќе продолжи да го модернизира образовниот систем

Промените во образованието треба да продолжат, а СОНК ќе даде активен придонес во креирањето и имплементацијата на политиките со кои МОН и другите надлежни институции ќе го унапредуваат квалитетот на воспитно – образовниот процес во државата. Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Јаким Неделков, на која се разговараше за актуелните состојби и идни планови во образованието.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири потенцираше дека е особено задоволен од соработката со СОНК во изминатите месеци во кои тој раководи со министерството и очекува истата да се интензивира во интерес на градењето подобар образовен систем, затоа што, како што рече, ќе се интензивираат и сите останати процеси кои треба да ја доближат државата до зачленување во европското семејство со кое преговорите се веќе отпочнати.

Истакна дека наставниците се најважната алка во воспитно – образовниот процес и без нивна мотивираност, не може да има ниту квалитетна настава, ниту пак промените би биле ефективни и затоа, МОН исто како и СОНК се заложува за унапредување на нивните права и услови за работа. Потсети дека покачувањето на платите на вработените во основните и средните училишта за 15% од минатиот месец е токму резултат на успешната соработка и договор помеѓу социјалните партнери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *