• Thu. May 16th, 2024

„Роман на годината“ со прва селекција

„Роман на годината“ со прва селекција. Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ ја направи првата селекција од пристигнатите 41 роман. Избира 18 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда . Оваа манифестација ја спроведува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Жирито е во состав Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата).

Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22. пат.

Победникот ќе добие паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2021 година, а следниот работен ден да ја објави на прес-конференција.

Оваа манифестација беше заштитен знак на згаснатиот
„Утрински весник“, ќе биде доделена по 22 пат.
„Песот со тажен поглед“ на писателката Оливера Николова е лауреатот на „Роман на годината“ за 2019 година, а Николова е и првата од досегашните добитници која оваа награда ја доби по вторпат, по наградата за романот „Куклите на Росица“ објавен во 2004 година.

„Роман на годината“ со прва селекција, меѓу вкупно пристигнатите романи. Минатата година пристигнале 38 романи.

Избрани дела во првата селекција на конкурсот Роман на годината“ за 2020 година

1.„Лето во кое те нема“ – Петар Андоновски, „Или – Или“

2. „Шрапнел“, Игор Анѓелков, „Или – Или“

3. „Суво мастило“, Владимир Илиевски, „Македоника литера“

4.„Скриени желби, немирни патувања“, Владимир Јанковски, „Антолог“

5. „Ши“, Сашо Кокаланов, „Или – Или“

6. „Витезот и византијката“, Кица Колбе, „Или-Или“

7. „Сфинга на гневот“, Жарко Кујунџиски, „Антолог“

8. „Приказна за трите града“, Митко Маџунков, „Три“

9. „Фантомско стапало“, Блаже Миневски, „Матица македонска“

10. „Највисокото дно“, Марија Митева, „Полица“

11. „На враќање“, Фросина Пармаковска, „Или-Или“

12.„Лазарка“, Љупчо Петрески, „Арс Либрис“

13. „Боксерот од Ново маало“, Владимир Плавевски, „Арс Либрис“

14.„Курвински хроники“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“

15. „Тито, мојот претпоследен херој“, Зоран Спасов – Ѕоф, „Попули“ 

16. „Генералот и пеперугата“, Луан Старова, „МАНУ“

17.„Куќа над брановите“, Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“

18. „Случајот Чернобог“, Катерина Шошко, „Антолог“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *