• Mon. May 13th, 2024

Реконструкција на игралиштето „Иван Пенов’ во Гевгелија

Заврши реконструкцијата на кошаркарското игралиште „Иван Пенов“ во Гевгелија. Градоначалникот Андон Сарамандов истакна дека со ова, младите добиват ново, модерно кошаркарско игралиште со модерна подлога со сите фито стандарди. Парите за реконструкцијата е обезбедена од локалниот буџет.

-Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на членовите на Советот кои дадоа поддршка на оваа програма. А, од мое лично име и од името на сите членови на Советот на Општина Гевгелија упатувам огромна благодарност до фамилијата Пенови, која што беше и иницијатор и која даде огромен придонес, ова игралиште да го добие денешниот лик. Како градоначалник се обврзав да вложуваме во инфраструктурата и во спортските терени, бидејќи тие се основа за правилен, физички и психички развој на нашите деца, истакна Сарамандов.

Тој додаде дека во изминатиот период, обновен е фудбалскиот терен на градскиот стадион во Гевгелија. Во функција е ставено и фудбалското игралиште во Мрзенци, а во моментов се консолидираат и обновуваат фудбалските игралишта кои беа напуштени во Миравци и Прдејци.

Градоначалникот најави реконструкција и на фудбалските терени на Негорските бањи кои, како што рече, ќе претставуваат тренинг база на јуниорите, кадетите и пионерите на фудбалскиот клуб Кожуф.

-А во спортската сала на основното училиште „Владо Контарџиев“ ќе биде заменет подот, со што ќе се создадат услови за работа на најмладите категории на кошаркарскиот клуб Кожуф. И на крајот, сакам да најавам дека ќе се изврши и реконструкција на надворешното игралиште ДТВ Партизан. Веќе се превземени припреми и направено е асфалтирање на тој терен и наскоро, Гевгелија ќе добие уште едно ново, мултифункционално спортско игралиште, рече Сарамандов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *