• Sun. Jun 2nd, 2024

Реал ја освои 35.титула

Реал Мадрид по една година ја вратија шампионската титула во Примера на „Сантијаго Бернабеу“. Со победата над Еспањол од 4:0, Реал на четири кола до крајот на сезоната стекнаа недостижна предност пред конкурентите.

Реал против Еспањол настапи во комбиниран состав, Карло Анчелоти главните играчои ги остави на клупата, но и покрај тоа запишаа лесна победа, која им ја донесе 35.титула во клупската историја.

Два гола во првото полувреме постигна Родриго, а во второто меѓу стрелците се запишаа Асенсио и Бензема, која на теренот влезе во 62.минута.

Карло Анчелоти стана првиот тренер кој успеал да биде шампион во Италија, Германија, Англија, Франција и Шпанија.

Реал, во среда, го очекува полуфиналниот реванш со Манчестер сити, во Лигата на шампионите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *