• Fri. May 17th, 2024

Распишан оглас за попишувачи на пописот

Распишан оглас за попишувачи на пописот.

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека денеска објавил конкурс. Се бараат кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот 1-21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен во рамките на пописот 2021. Чекањето на вакцините може да го одложи пописот, се велеше пред еден месец, но сепак одлуката е да се направи пописот во април.

„На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Северна Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини“,

Процедурите за пописот течат додека на политичката сцена нема поместување на ставовите на власта и опозицијата. Од владејачките партии се децидни дека пописот нема да се одложува, додека најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, собира потписи за поништување на Законот за попис. Последниот попис на населението е во 2002 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *