• Mon. May 20th, 2024

Радев ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев имал видеоконференциски разговор со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, во кој истакнал дека неговата земја принципиелно и доследно ја поддржува европската интеграција на Македонија. 

Во разговорот Радев истакнал и дека, од друга страна, Бугарија очекува одржливи резултати во процесот на градење добрососедски односи, како и директен и отворен дијалог, како што велат од неговиот кабинет, меѓу двете најблиски земји на Балканот за да се постигне вистински напредок.

Тие меѓудругото се осврнале и на мерките за справување со пандемијата на коронавирусот, како и за теми кои се на дневен ред на Европската Унија (ЕУ) со посебно внимание на политиката на проширување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *