• Thu. May 16th, 2024

Првиот митинг на СДСМ денеска во Битола, а последниот на 15 октомври во Куманово

Првиот митинг на СДСМ денеска во Битола. Последниот на 15 октомври во Куманово.

Караванот „Најдоброто за мојата општина“ на владејачкиот СДСМ, ги почнува своите активности во рамки на кампањата за претстојните локални избори.

Денешниот централен настан е закажан во Битола во 20.00 часот, а претходно караванот ќе биде со граѓаните на Демир Хисар.

Во вторник караванот е во скопските општини Чаир и Кисела Вода по што ќе следува предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и листата за советници за Град Скопје, соопшти СДСМ.

Караванот своите активности завршува на 15 октомври со голем граѓански настан во Куманово.

СДСМ најави дека со својата кадровска и програмска понуда, во овие денови ќе ја посети секоја општина, секое населено место.

„Со реализираните проекти зад себе, со најдобрата понуда, со најголемиот коалициски капацитет, „Најдоброто за мојата општина е изразит фаворит, победник на овие локални избори, затоа што граѓаните ќе дадат поддршка за концептот што води напред и е гарант за да продолжи развојот на општините“, велат од СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *