• Mon. May 20th, 2024

Протест против дива сеча

Протест против дива сеча. Во недела на 11.04.2021 со почеток од 12 часот, месната заедница и жителите на Колешино, со подршка на градоначалникот на Општина Ново Село и жителите на околните села, кои се засегнати од истиот проблем, како и еколошките здруженија Еко Долина од Ново Село и Здрава Котлина од Струмица, ќе организираат протестна блокада на патот кој води кон Колешинскиот Водопад.

Протестната блокада ќе се одржи си цел да се алармира јавноста и надлежните државни органи за стопирање на БЕЗОБЗИРНАТА И НЕКОНТРОЛИРАНА СЕЧА НА ШУМАТА ВО БЕЛАСИЦА, од страна на Јавното Претпријатие НАЦИОНАЛНИ ШУМИ.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Веќе подолг период, жителите на подбеласичките села Старо Коњарево, Дражево, Смолари, Мокрино, Мокриево, Борисово, Колешино, како и жителите на селата на падините на Огражден – Ново Коњарево, Самоилово, Ново Село, Сушица, Штука, Иловица, заедно со еколошките здруженија Еко Долина и Здрава Котлина, речиси безуспешно се борат против неконтролираното, непланско и безобзирно сечење на шумата и тоа на места каде е најлесно достапна, без притоа да се обезбедат изворите на вода од кои се снабдуваат посочените села, како и пробивањето на шумски патишта на несоодветни места, од кои веќе имаме свлечишта и ерозија.И покрај нашите апели до надлежните локални организации – директорот на подружницата на Национални Шуми во Струмица кај кого бевме трипати како еколошки организации заедно со жители на Мокрино и Смолари, исто и кај републичкиот инспектор за шумарство кај кого бевме 3 пати, и покрај упатените писма до министерството и министерот за земјоделие и републичкиот инспекторат за шумарство, на кои не добивме одговор, не се постигна ништо. И покрај двата протеста во Старо Коњарево, кои резултираа со привремено стопирање на пробивањето на патот над селото, па дури и по посетата на заедничка делегација со претставник од Општина Ново Село, на Министерот за земјоделие, заменик директорот на Национални Шуми, каде ни ветија дека ќе ги решат проблемите, дека ќе дојдат за заеднички да ја утврдиме ситуацијата на лице место, сепак, проблемите уште повеќе се усложнуваат и мултиплицираат. Јавно прашуваме ДАЛИ МИНИСТЕРОТ И ДИРЕКТОРОТ НА НАЦИОНАЛНИ ШУМИ, КАКО И РЕПУБЛИЧКИОТ ИНСПЕКТОРАТ, ИМААТ КОНТРОЛА НАД ЛОКАЛНИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, ОДГОВОРНИ ЗА СЕЧАТА НА ШУМАТА? Затоа што, при нашата посета на Министерот за земјоделие и заменикот на директорот на Национални Шуми, добивме впечаток дека и тие сакаат да ги решат посочените проблеми, па дури и му наредија на директорот на локалната подружница во Струмица. Но, бидејќи, дивеењето на оние кои добиле право да сечат, продолжува со несмален интензитет, загрижени сме за немањето контрола од страна на државните институции, кои не само што сечат без план, туку, притоа, дозволуваат со години да останат во шумата гранките од сечените дрва, кои ги блокираат патеките, претставуваат опасност за пожари и болести… Затоа што како што ни рече министерот, тие треба да сечат 20-30% од шумата, а на лице место оставаат само пустош – гола сеча, без ниту едно дрво.ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ СОВЕСНИ ГРАЃАНИ ДА НИ СЕ ПРИДРУЖАТ, ДА ГО СОПРЕМЕ УНИШТУВАЊЕТО НА НАШИТЕ ШУМИ!СТОП ЗА БЕСПРАВНАТА СЕЧА!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *