• Thu. May 16th, 2024

Промоција на здружението „Слобода и правда“

Синоќа во Струмица беше промовирано Здружението на граѓани „Правда и слобода“. Организаторите велат дека целта на ова граѓанско здружување е заштита на човековите права.

-Основна цел на здружението е заштита на човековите права. „Слобода и правда“ Струмица ќе работи за промовирање и зајакнување и заштита на човековите права во повеќе области од нашето живеење. Формирањето на здружението произлезе од досегашните случувања и нашите претходни ставови и заложби. Здружението будно ќе го следи спроведувањето на мерките и протоколите поврзани со моменталните случувања во светот и ќе дејствува во подигањето на свеста во тој дел, велат иницијаторите на Здружението.

Од Здружението додаваат дека веќе имаат поднесено претставки во вид на известувања и опомени до основните и средните училишта во Струмица, со кои им укажува дека со спроведувањето на протоколите во училиштата, го нарушуваат психичкото и физичкото здравје на децата, го кршат Уставот и голем број законски прописи кои важат во државата, но и меѓународните конвенции, и бара од нив да придонесат за укинување на таквите мерки, а тоа да биде право на избор на децата односно родителите.

Другиот начин на делување е организирање трибини на кои ќе бидат повикани правни лица кои ќе ги промовираат човековите права и слободи. Здружението СЛОБОДА И ПРАВДА има пошироко поле на делување и ќе делува во повеќе области на нашето живеење, а со цел сите заедно да изградиме едно хумано општество, каде правдата ќе биде еднаква за сите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *