• Sun. May 19th, 2024

Промоција на филм „Некогаш во Венецуела“

Утре со почеток од 12:30 часот во комплекс „Лебедово Езеро“ во близина на с.Смолари – општина Ново Село ќе се прикажи документарниот филм „Некогаш во Венецуела“ во организација на Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

-Цел на презентацијата  е да се подобри квалитетот на живот во струмичкиот регион со подигање на јавната свест, информирање на граѓаните и вклучување во креирањето  одлуки од јавен интерес за животната средина со сите релевантни и клучни чинители, се вели во поканата од ЕД „Планетум“.

По презентација на филмот ќе се отвори дискусија во која ќе можат да земат учество сите поканети и да дадат свои предлози за зачувување на животната средина преку конкретни предлог решенија за одреден еколошки проблем од локален или регионален карактер.

Предлозите ќе се нотираат од проектниот тим и истите како заклучоци од презентацијата ќе бидат преточени во барања до локалните самоуправи за внесување на предлог решенијата во развојните програми на локалната самоуправа и имплементирање на истите, додаваат организаторите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *